Пефректниот старт во новата сезона во АБА 2 лигата ги потврди апетитите на МЗТ Скопје Аеродром. Ѓорѓи Кочов признава дека Борац како фаворит доаѓа во Скопје но со помош на навивачите и со максимална ангажираност може да се дојде до нова победа.

„Според мене, екипата на Борац Чачак е еден од најголемите фаворити во АБА2. Го задржаа костурот од минатата сезона, плус донесоа неколку квалитетни засилувања, а играчите за тренер имаат доскорешен соиграч. Споредено со нашиот тим, гостите во мечот влегуваат како фаворити, но без разлика тоа, очекувам тврд меч во кој моите кошаркари ќе треба да го дадат својот максимум. Само тоа е начинот до евентуалната победа.“– изјави Ѓорѓи Кочов тренерот на МЗТ Скопје Аеродром.

Борац на минатото гостување во „Јане Сандански“ загуби со 82:57.

„Се надевам дека на овој дерби-дуел ќе ја имаме и поддршката од нашите симпатизери и навивачи, кои во далеку поголем број од досега ќе дојдат да ни помогнат во овој исклучително тежок натпревар за нашиот тим.“ –посочи Ѓорѓи Кочов.

Натпреварот од 4 коло од АБА2 лигата меѓу МЗТ Скопје и Борац е закажан за утре од 18 часот.