МЗТ Скопје утре гостува кај Сплит, натпревар  од 17 коло во АБА 2 лигата. Македонскиот шампион се бори за првото место и враќање во елитата на регионалното натпреваривање.

Сплит има квалитетна екипа, има четири бода помалку од МЗТ Скопје на табелата.

„Сплит пред сезоната беше мој фаворит во борбата за највисок пласман, имаат квалитетен и талентиран состав, доказ за тоа е победата над Цибона. Свесни сме дека противникот ќе направи се за дојде до победа, тоа им е неопходно во борбата за плејофот. Но, без разлика што Сплит е засилен во однос на првата средба, ние не патуваме во Хрватска со бело знаме. Ако успееме да го контролираме резултатот за да бидеме во егал ситуација до самиот крај и ако го исконтролираме скокот, тогаш ќе имаме шанси за триумф“ – изјави тренерот Ѓорѓи Кочов.

Средбата меѓу Сплит и МЗТ Скопје се игра утре со почеток од 19 часот.