МЗТ Скопје Аеродром на првото гостување во новата сезона во АБА 2 лигата успеа да дојде до посакуваниот триумф.

Минатата сезона за прва гостинска победа чекаше седум кола а ова не го заборава тренерот на „металците“, Ѓори Кочов.

„Среќни сме што на првото гостување во оваа сезона стигнавме до победата, за разлика од минатата година во која ни беше потребно повеќе од еден месец  за да триумфираме. Им честитам на играчите за борбата.“ – изјави Ѓорѓи Кочов.

Во следното коло МЗТ Скопје ќе го пречека тимот на Рогашка на 15 октомви.