Тренерот на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов беше видно задоволен по изданието на своите кошаркари во мечот против Широки на кој македоснкиот првак славеше во рамки на АБА 2 конкуренцијата. Стратегот на „металците“ како клучни фактори за триумфот ги посочи одбраната против транзицијата на противникот, како и одличната игра под обрачите.

Честитки на моите кошаркари за победата, ова што го трениравме последните денови го одигравме и за време на натпреварот. Нормално е да имаме пропусти, имавме мали падови на концентрација, но имавме против себе квалитетен ривал. Важно е што ја спречивме нивната транзиција, скок-играта ја контролиравме со 13 скокови повеќе од противникот. Задоволен сум од сите што играа и со ваков пристап можеме да стигнеме далеку“ – истакна Кочов.

 

За македонскиот првак ова беше 6. триумф сезонава во АБА 2 со кој се искачија на втората позиција на табелата зад лидерот Борац.