Френк Камински, играчот на Феникс Санс во интервју за “МаксБет радио” рече дека сака да заигра за Србија и дека веќе стапил во контакт со кошаркарската федерација на Србија околу потенцијалниот повик во националниот тим.

Frenk Kaminski

„Бев во Србија пред две години и тогаш луѓето од федерацијата дознаа дека има српски корени. Никогаш не сум бил член на национален тим и не знам што би требало да направам за да го постигнам тоа“ – изјави Камински.

Бидејќи се уште нема српски пасош, Камински сака да биде дел од “орлите”.

„Мојот агент веќе разговараше со луѓето од КСС. Постојат многу играчи кои биле дел од српскиот систем и јас на никој не би сакал да му застанам на патот кон тоа. Имав доста прилики да се дружам со српски кошаркари, тие се навистина добри момци. Сега приоритет ми  е да се опоравам, а тоа ќе му го препуштам на мојот агент“- дополни кошаркарот на Феникс.