Комесарот на НБА лигата Адам Силвер изјави дека се надева дека кошаркарот на Бруклин Нетс, Кајри Ирвинг сепак ќе биде вакциниран.

Одбивајќи да го стори тоа, може да ја пропушти целата сезона.

“Се надевам дека Ирвинг, и покрај тоа што мисли за ова прашање, на крајот ќе биде вакциниран. Би сакал да видам како игра. Сепак, тоа е проблем помеѓу него и државата Њујорк, не е прашање за НБА лига. Мое мислење е дека би било најдобро секој играч да биде вакциниран “, рече Силвер, како што пренесуваат американските медиуми.

НБА лигата и Асоцијацијата на играчи не успеаја да се договорат за вакцинацијата да биде задолжителна, а Силвер рече дека околу 96 проценти од кошаркарите се вакцинирани.