Познати се полуфиналните двојки на машкиот дел од турнирот на ЛОИ во Токио. Ова по одигрувањето на сите четвртфинални пресметки.

САД и Австралија ќе играат во полуфиналето откако фаворитот за златото денеска славеше над Шпанија со 95:81 а Австралија ја елиминираше Аргентина со неверојатни 97:59.

По  натпревар против Австралија со националниот дрес на Аргентина се прости легендарниот Скола.

Претходно, Франција по победата над Италија од 84:75 си закажа полуфинален дуел со Словенија која пак ја елиминираше Германија со 94:70.