Воведниот натпревар на МЗТ Скопје Аеродром во „Јане Сандански“ против Слобода Тузла во АБА 2 лигата, не започна во предвидениот термин од 19 часот.

Причина за ова е однесувањето на дел од навивачите на „металците“ кои со посебна кореографија се обратија кон играчите но при реализицијата на планот, прашкаста материја заврши на теренот.

Поради ова службите за чистиње мораше да ги отстранат остатоците од паркетот, а за тоа е потребно време.