Со дополнителни големи проблеми се соочува Македонија пред денешниот квалификациски меч против Италија за пласман на ЕП во кошарка.

На само неколку часа пред дуелот со Италија, закачан за 15 часот, кошаркарската Федерација соопшти дека поради позитивен тест на коронавирус селекторот Александар Тодоров нема да може да смета на Љубомир Младеновски, а неизвесен е и настапот на Бојан Трајковски и Џејко Вајли.

Резултатите од последното тестирање во нашиот национален тим покажале дека Љубомир Младеновски има позитивен наод, а за Бојан Трајковски и Џејкоб Вајли следуваат дополнителни здравствени проверки. И покрај сите превземени мерки од страна на федерацијата, спроведени пред почетокот на подготовките во Скопје, но и за време на престојот во главниот град на Естонија, PCR тестирањето покажа присуство на вирусот кај еден наш кошаркар, а лекарскиот тим предводен до Др Слободан Николиќ ги очекува дополнителните здравствени наоди од дополнителните испитувања за другите двајца наши репрезентативци, чиј настап сега е доведен под знак прашалник“, соопшти КФМ/