Голема трагедија се случила денеска во теретаната каде што тренираат кошаркарите на Црвена Звезда, откако на 27 годишниот Мајкл Оџо му се слошило.

Кошаркарот кој важел за еден од најпозитивните во овој клуб, денеска за време на тренингот имал срцев удар по паднал на пододот во теретаната а починал на пат кон Ургентниот центар во Белград.

Мајкл Оџо во Србија пристигна во 2017 години и настапуваше во ФМП, потоа се пресели во Црвена Звезда каде што играше две сезони.