По двата стартни порази на почетокот на годинава, кошаркарската репрезентација на Македонија денеска ги продолжува квалификациите за пласман на Европското првенство.

Избраниците на Александар Тодоров попладнево од 15 часот играат против Италија, а квалификацискиот двомеч во Талин го завршуваат в понеделник против домаќинот Естонија.

Пред „црвено-жолтите“ е императив триумф над Италија попладнево, и победа со најмалку десет кошеви разлика против Естонија за да останат во живот за пласман на Европското првенство следната година.