За прв пат во историјата на македонската женска кошарка, во финалето од Купот на Македонија, ќе играат Баскет КАМ и Бадел.

Кошаркарките на Баскет КАМ славеа во второто полуфиналет над Вардар со 95:59 предводени од Митрашиновиќ која одигра соло меч.

Во второто полуфинале Бадел беше подобар од Крива Паланка со 77:56.

Големото финале е закажано за утре од 17 часот во СРЦ Кале.