Машката сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија по пласманот во квалификациите за СП 2023 година, е во исчекување на ждрепката.

Како првопласирани во групата „Ф“,  со уште седум селекции од претквалификациите и 24 кои претходно обезбедија директен пласман во една од осумте групи, ќе ја дочекаме и претстојната ждрепка.

Ќе биде реализирана на 31. август, (со почеток во 12.часот) а ќе се однесува за сите континентални натпреварувања, односно во Африка, Америка, Азија и во Европа.

Квалификациите ќе се одвиваат во оние, сега веќе стандардни „прозорци“ на ФИБА. Ќе стартуваат веќе во ноември кога се планирани и првите две кола од квалификациите.