Пелистер го совлада Кожув 102:81, и го задржа првото место на табелата во Првата лига.

Битолчани немаа никакви проблеми со екипата од Гевгелија, во натпревар кој многу работи беа решени со една одлично одиграна, втора четвртина, битолчани го оставија својот противник без никаква шанса за успех.

Пелситер до победата стигнаа со извонредна игра од Стајиќ кој постигна 18.поени, уште тројца други домашни играчи имаа двоен број на поени. Малешеиќ, Кесар и Вилијамс додадоа уште по 11. На другата страна, поентерски осамен, со 18. реализации беше Силаџи.

ПРВА ЛИГА – МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 12. КОЛО

Црн Дрим Грин Мобиле – Вардар     68:81

Куманово 2009 – ТФТ      88:92

Гостивар – Академија ФМП      90:79

Пелистер – Кожув 102:81

Еуро Никел 2005 –МЗТ Скопје Уни Банка    90:79

МЗТ Скопје Аеродром – Работнички    одложено