Македонската кошаркарска репрезентација го одработи првиот тренинг во естонската престолнина во пресрет на двата квалификациски натпревари за пласман на ЕП.

Селекторот Александар Тодоров на располагање во„Саку Сурхал“ Арената во Талин ги имаше сите репрезентативци.

Ова беше и прв официјален заеднички тренинг на Џејкоб Вајли со останатите соиграчи во нашиот национален тим, вклучително и капитенот Војдан Стојановски, кој поради клупски обврски, исто така ги прескокна оние уводни тренинзи во Скопје.

На првиот тренинг кој го проследија и претседателот Перо Антиќ и генералниот секретар на нашата федерација Владимир Георгиевски, се појави и уште едно добро познато лице.

Турскиот стручњак за физичка подготовка Ерен Хангун, кој во наредните неколку дена ќе ја одржува кондицијата на нашиот национален тим и тоа како потребна за дуелите со селекциите на Италија и на Естонија, на 28 и 30 ноември.