Женската кошаркарска репрезентација на Македонија до 18 години со пораз ги започна настапите на Европското првенство Б дивизија кое се одржува во нашата држава.
Во првото коло од својата група нашите млади кошаркарки загубија од своите врснички од Романија со 44-59.
Најефикасна во нашиот табор беше Илина Селчова со 14 поени, додека во победничката селекција најдобра беше Лаура Ерика Ваида со 16 поени.
Утре на програмата е второто коло во кое нашата селекција се среќава со Република Ирска.
Be the first to write a comment.