Кошаркарската федерација обајви дека ќе им помогне на клубовите со задолжителните ПЦР тестови, Владата на Македонија донесе одлука за задолжително тестирање на екипите во сите спортови, тоа донесе проблем за клубовите.

Тестирањето треба да се спроведе најрано 24 часа пред одигрување на натпреварот и резултатите заедно со формуларот веднаш да бидат доставени до канцеларијата на Сениорски лиги, но не подоцна од 10. часот на денот на одигрување на натпреварот.

„Кошаркарската Федерација  до сите клубови учесници во Прва лига-мажи, Прва лига-жени, и Втора лига-мажи, вклучени во системот за натпреварување во сезоната 2020/2021, ќе достави Rapid PCR тестови за детекција на заразната болест COVID – 19“ – се вели во соопштението.

Клубот е должен да го достави формуларот со наведени тестирани лица со име, презиме и датум на раѓање, и слика од сите направени тестови заедно на која што ќе има датум на извршување на тестовите, потпис од лиценцираниот доктор на тимот кој што го спровел тестирањето, печат и потпис од овластеното лице на клубот и да наведе во самиот формулар за кој натпревар се однесува извршеното тестирање.

Согласно со ова известување, федерацијата потврдува дека во целост ќе ја испочитува одлуката на Влада на РСМ објавена во Службен Весник бр. 87 со датум 20.04.2021, Одлука за изменување и дополнување на одлуката за превентивни препораки, времени мерки наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID – 19 предизвикана од вирусот SARS – CoV – 2, случаите и временскиот период на нивна примена, во член 13 став 1 во точката 2 се менува и се додаваат зборовите:” освен организирање и одржување на пионерски, кадетски и младински спортски натпревари, како и професионални спортски натпревари, без присуство на гледачи/публика, исклучиво по наменски одобрени протоколи и по претходно извршено PCR тестирање пред одигрување на натпреварот од страна на клубовите.