Андреј Јакимовски продолжува да импресионира во Италија. На последниот меч за својот нов клуб Кампус Пиемонте, момчето од Крива Паланка реализираше неверојатни 42 поени и 20 скока.

Овие бројки изгледаат импресивно за играчи од НБА лигата, а Јакимовски со ваквата статистика против Палаканестро влезе во историјата на Италјанската кошарка за играчи до 18 години.

За потсетување Јакимовски е предвоник на Македонската селекција за играчи до 18 години, а во иднина се очекува да биде носител на А селекцијата.