ФИБА објави дека нема да има официјални репрезентативни натпревари до февруари 2021 година, што значи дека кошаркарската репрезентација на Македонија ќе ги презакаже ноемвриските средби од квалификациите за Евробаскет 2021.

Во текот на денот дошло до разговори меѓу претставници на ФИБА и на УЛЕБ, при што е дојдено до заклучок дека на националните кошаркарски лиги ќе им биде потребно повеќе време за адаптација по пандемијата од коронавирусот.

Официјализацијата на оваа информација се очекува во следните 48 часа, а Македонија без мечеви ќе виде скоро една година.