Кошаркарската репрезентација на Грција на Светското првенство (СП) во Кина ќе остане без еден од најдобрите кошаркари на оваа селекција. Станува збор за Костас Слукас, кошаркарот на Фенребахче кој заработи повреда на листот на ногата.

Се чекаат резултатите од деталните лекарски прегледи по што ќе се знае дали искусниот кошаркар ќе може да настапи на шампионатот во Кина.

Грција на Мундобаскетот е дел од групата „Ф“ каде се наоѓаат уште и селекциите на Црна Гора, Нов Зеланд и Бразил.