Поранешниот репрезентативец на Македонија, Александар Костоски одлучи да остане во редовите на КК Гостивар.

Плејмејкерот потпишал нов двегодишен догоговор со клубот кој од неодамна го раководи новиот директор, Стојмир Дејановски.

„Гостивар ќе има среќа уште две години во салата „Младост“ да ги гледа мајсториите на најдобриот плеј во Македонија.“ – стои во дел од соопштението на КК Госттивар.