Лос Анџелес Клиперс е уште еден во низата на клубови кој  реши да го затвори тренинг центарот, а причина е Коронавирусот.

Имено, едно лице од стручниот стожер на тимот е позитивен на КОВИД-19, а неговиот идентитет не е се уште познат. Се претпоставува дека  тоа е некој од персоналот кој требало да патува со тимот во Орландо, каде ќе се игра завршницата на сезоната.

Клиперс се третиот тим во НБА кој беше принуден да го затвори тренинг центарот поради КОВИД-19, а претходно истото го направија и Денвер и Бруклин.