Македонскиот кошаркарски прволигаш, Кожув го засили својот ростер. Тимо од Гевгелија денес е посилен за Американецот ДеХуан Мареро, кој потпиша договор со важност до крајот на сезонава.

Мареро игра на позицијата крилен кошаркар, а минатата сезона настапуваше во шампионатот на Порторико, за екипата на Понсе. Најновото засилување на Кожув во минатото настапуваше и за екипата на Лозана, во чиј дрес беше избран за најдобар кошаркар во 2018 година во шампионатот на Швајцарија.

Во првите четири кола во домашниот шампионат, екипата на Александар Јончевски оствари три победи и има само еден пораз во домашниот шампионат. Од оваа сезона Кожув е клуб со многу поголем буџет, по спојувањето на Кожув и Блокотехна , па јасно е дека амбициите од ден на ден растат.