Македонскиот кошаркарски клуб Кожув од Гевгелија започна со составување на тимот за новата сезона.

Кожув денеска потпиша пет нови имиња од кои четворица македонски репрезентативци.
Челниците на Кожув во договор со тренерот Александар Јончевски пазареа ги потпишаа бековите Димитар Караџовски и Бобан Стајиќ, на центарската линија го договорија Бојан Трајковски кој доаѓа од Гостивар, додека од Фени Индустри дојде Предраг Пајиќ.

На оваа четворка и се придружи и Американецот Иван Пејн.

Оваа година Блокотехна и Кожув одлучија да се фузираат и да создадат посилен тим, кој ќе се замеша во борбата за еден од пехарите во македонскиот шампионат.