Кошаркарите на ЛА Лејкерс на домашен терен го победија Кливленд со 128:99 и стигнаа до 33 триумф сезонава.

Прво име кај „езерџиите“ очекувано беше Леброн Џејмс, кој против својот поранешен тим постигна 31 поен, осум асистенции и два скока, додека кај гостите од Охао најдобар беше Кевин Лав со 21 поен и 11 скокови.

Немања Бјелица синоќа постигна 34 поени за Сакраменто што воедно е и негов рекорд во кариерата. Србинот имаше на мечот против Орландо имаше шут од игра 10 од 13, а притоа постигна за него рекордни осум тројки.

И покрај ваквата партија на Србинот, неговиот Сакраменто загуби од Орландо со 112-114, а кај гостите Никола Вучевиќ забележа дабл-дабл учинок од 26 поени и 15 скока.