Најголемата ѕвезда на НБА лигата, Леброн Џејмс нема да го искористи правото во продолжението од сезоната на својот дрес да стои порака за социјална рамноправност и правда.

Тоа го истакна пред новинарите и самиот Леброн, велејќи дека на неговиот дрес ќе стои неговото презиме.

„Не морам да имам нешто на грбот од својот дрес како би луѓето ја сфатиле мојата мисија, бидејќи знаат за што се борам“- изјави „Кралот“ за ЕСПН.

НБА лигата продолжува на 31.јули во Орландо, а „Езерџиите“ предводени од Леброн важат за главни фаворити за шампионскиот прстен.