Кралот Леброн Џејмс е најголемата ѕвезда на денешницата во кошарката. Тоа го покажа уште еднаш на мечот со Индијана, каде беше клучен играч со 39 поени, но остана забележан по уште еден потег.

Џејмс отиде до судијата се пожали за двајца навивачи и побара од обезбедувањето да бидат отстраните од покрај теренот. Редарската служба веднаш реагираше и им го покажа патот кон излезот на двајцата навивачи на Пејсерс.

Џејмс по натпреварот се пожали дека мажот и жената постојано дофрлале кон него со непристојни зборови и гестикулации и претерале со дофрлувањата.