Македонија со пресметката со Естонија утревечер во „Борис Трајковски“ ќе ја започне трката за пласман на ЕУРО 2021.

Во група со Естонија, Русија и со Италија, нашата репрезентација верува дека може да направи сериозен исчекор и предводена од Александар Тодоров да дојде до посакуваното место на Евробаскетот.

„Имавме неколку заедно, можеби не беа премногу, но сепак доволно. Задоволен сум и од тактики и од физички план. Наше е сега да се бориме на сите натпревари и да го оствариме тоа за кое ќе се договориме однапред. Максимално борбена игра за да го постигнеме посакуваниот резултат.“ – изјави репрезентативецот Бојан Крстевски.

Македонија играше против Естонија во мундијалските квалификации во 2017 година, дома загубивме со 80:76 а на гостувањето во Естонија со 74:65.