Грчкиот кошаркарски репрезентативец Коста Куфос потпиша договор на две години со европскиот кошаркарски шампион ЦСКА Москва вреден шест милиони евра по сезона.

Во договорот постои клаузула во која кошаркарот следното лето може да се врати во НБА лигата, ако добие соодветна понуда.

30-годишниот Куфос во НБА лигата има одиграно 723 натпревари, а во својата кариера настапуваше за тимовите на Јута, Сакраменто, Минесота и Мемфис.