Легендарниот хрватски кошаркар Тони Кукоч говореше за „Последниот танц“ во кој и самиот Кукоч беше дел од него, а се однесува на последниот шампионски прстен на Чикаго Булс и Мајкл Џордан.

„ Тоа се спомени. Драго ми е што ги видов сите тие играчи повторно, како изгледавме, добро е да се види цела таа драма која се случуваше. Иако повеќе ќе бев среќен да се види качинот на кој игравме, а тоа беше во втор план“- изјави Кукоч за Спорт Клуб.

Тој исто така го истакна Скоти Пипен како кошаркарот од кој најмногу научил во тие години минати во Чикаго.

„Сегкоаш велам дека тој најмногу ми помогна во Чикаго. Тој е добра личност, несебичен, но од некои причини не беше во најдобри односи со менаџментот и Џери Краус. Кога пристигна бев доведен како кошаркар на Краус, но во ниеден момент не почуствував дека Скоти поради тоа има нешто против мене“- дополни Хрватот.