Oперацијата на кошаркарот на белградска Црвена Звезда, Огњен Кузмиќ, која денеска му беше извршена на клиничкиот центар во Белград заврши успешно, објавија од управата на српскиот шампион, што е добра вест откако кошаркарот имаше тешка сообраќајна несреќа.

Кузмиќ останува во индуцирана кома и лечењето продолжува во склад со плановите на лекарскиот тим.

„Со операцијата денеска се отстранети тешките максилофацијални повреди, кои Огњен Кузмиќ ги здоби во неделата наутро во сообраќајната несреќа. Операцијата беше неопходна за скршената горна вилица и останатите повреди на лицето да се вратат во првобитната анатомска положба и со тоа е овозможено Кузмиќ да може да дише без пречки. Огњен останува во стабилна здравствена ситуација, но и понатаму е во индуцирана кома и за неговото лечење и закрепнувањето ќе тече според плановите на лекарскиот тим кој води грижа за него“, се вели во соопштението на Ц. Звезда.