Кошaркарот на Црвена Звезда Огњен Кузмиќ пред десетина дена доживеа тешка сообраќајна незгода од која успешно се опоравува.

Кузмиќ кој се наоѓа на Ургентниот Центар во Белград за прв пат се огласи во јавноста после сообраќајната несреќа.

” Ви благодарам на сите од срце за грижата која ја искажавте од моментот на несреќата која ја доживеав и ја преживеав до сега. Благодарам прво до претседателот на клубот и сите од управата на Црвена Звезда, лекарите и целиот тим на чело со докторите Башчаревиќ и Олујиќ, медицинскиот персонал, министерот за здравје Златибор Лончар. Благодарност и до лекарите од Бања Лука,сите мои соиграчи од поранешниот и сегашниот клуб, репрезентацијата ,селекторот Ѓорѓевиќ и особено големо благодарам до навивачите на Црвена Звезда кои се грижеа за мене и кои ми праќаа пораки во знак на подршка. Особено во срце ме погоди транспарентот на мечот со Судува. Се извинувам доколку некого испуштив, затоа што многу работи се случија во овие 10 дена. На мене сега е редот да се опоравам заедно со лекарите. Се чуствувам добро. Одиме напред “ порача Кузмиќ во својата прва порака по сообраќајна несреќа.