Кајл Лаури доби нов едногодишен договор со што ова лето нема да биде меѓу слободните агенти во НБА лигата.

Торонто и Лаури се договорија за родолжување на соработката до јуни 2021 година и според новиот договор играчот ќе заработи 31 милион долари.

„Репторс“ откако го загубија Каваи Ленард кој премина во ЛА Клиперс не сакаа да дозволат да останат и без Лури следното лето и поради ова ги прифатија условите на играчот за останување во клубот барем уште една година.