Откако дел од медиумите во САД објавија дека поранешниот кошаркар на повеќе тимови во НБА лигага и екс играч на Партизан, Милт Паласио починал во сообраќајна несреќа во Торонто, пристигна демант.

„Извештаите за наводната срмт на Милт се неточни. Со него се е во ред.“ – вели потпаролот на Бруклин Нетс, Меган Волш.

Паласио седум години во кариерата играше во НБА лигата по што пристигна во Еворпа. Со Партизан во 2008 година ја освoи тројната круна а во втората половина од сезоната ја освои и награта МВП за месец март во Евролигата.