Легендарниот кошаркар на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс смета дека натпреварите во НБА треба што побрзо да се рестартираат, паузата трае предолго, играчите се нестрпливи.

Леброн Џејмс смета дека кошарката може да се врати кога веќе се враќаат спортови како УФЦ и фудбалот во Америка,

„Знаете сакам што побрзо да се вратиме на паркетот, сакам повторно да играм, не можам без кошарката. Што побрзо се вратиме тоа подобро за сите, за кошарката за навивачите, знам дека нема да бидат на трибините и тоа е ситуација која треба да ја прифатиме, но барем ќе има кошарка на телевизија“ – изјави Леброн.