Управата на ЛА Лејкерс е во завршни преговори со Леброн Џејмс околу новиот договор кој е во најава повеќе од еден месец.

Според „ЕСПН“, Леброн ќе потпише нов двегодишен договор според кој следните две сезони ќе заработи вкупно 85 милиони долари.

Лерброн Џејмс беше клучен во походот по шампионската круна во НБА лигата, која беше прва по десет години за „езерџиите“.