Ентони Дејвис летово го засили Лос Анџелес Лејкерс, а се уште има шпекулации околу тоа кој број ќе го носи на грбот новиот центар на „езерџиите“.

Според информациите на Лос Анџелес Тајмс, првата ѕвезда на Лејкерси, Леброн Џејмс, се одлучил 23-ката да му ја отстапи на Дејвис.

Леброн потоа најверојатно ќе го преземе бројот 6, кој го носеше во минатото додека настапуваше за Мајами Хит.