Легендата на македонската кошарка, Лазар Лечиќ, присустваше на еден од тренинзите на нашата национална репрезентација во пресрет на дуелот со Естонија во квалификациите за ЕП 2021.

Лечиќ смета дека оваа генерација на кошаркари заслужува силна поддршка.

„Навистина сум пријатно изненаден кога пред се себе гледам една млада, една полетна екипа. Со голем број на млади репрезентативци. Со млад, стручен тим. Мислам дека имаме одличен состав. И посакувам успешен старт во квалификациите, да го израдуваат овој наш народ со една победа против Естонија. Сите заедно треба да ги подржиме овие момчиња“- порача  Лечиќ.

Македонија во четврток од 20-15 часот со пренос на Спортклуб ќе ја пречека селекцијата на Естонија во салата на СЦ „Борис Трајковски“.