Миленко Савовиќ не успеа да ја добие најважната животна битка, легендарниот кошаркар на Партизан почина од коронавирусот.

Легендарниот центар на Партизан од белград  почина на 61. година, Савовиќ беше од најомилените кошаркари на навивачите на „црно-белите“.

Савовиќ беше капитен на Партизан, три пати триумфираше во европскиот куп Радивој Кораќ, а освои и три првенства и два купа во поранешна Југославија.

Во Партизан играше дванаесет години, беше играч и на Војводина и Гранада, член на репрезентацијата на Југославија со која играше на Европското првенство во 1983 година.