Една од најголемите приказни во НБА лигата последните месеци е пандемијата од коронавирусот и вакцинирањето со цел нејзино сузбивање. Низ играчи истакнаа дека нема да се вакцинираат па поради предизвикаа реакција кај една од најголемите НБА легенди.

Карим Абдул Џабар, еден од најдобрите играчи на сите времиња, даде интервју за Ролинг Стоун во кое жестоко ги критикуваше играчите кои одбиваат да примат вакцина.

„НБА лигата би требало да инсистира на тоа сите играчи да се вакцинираат. Тие кои не сакаат да го направат тоа треба да бидат отстранети од тимот. Во соблекувалната не смеее да има место за играчи кои се подготвени да го ризикуваат здравјето и животите на своите соиграчи, персоналот и навивачите затоа што не сфаќаат колку ситуацијата е сериозна. Ме нервираат лицемерието и ноншалантноста на тие играчи кон имунолозите и другите медицински експерти. Да им е болно детето или да им е потребна брза медицинска помош, што мислите, колку би им требало да го направат она што експертите го говорат?“– прашува Карим, па додава:

„Оние кои се противат на вакцинирањето директно допринесуваат на растот на смртноста поради короната. Многу сум загрижен за оваа држава. Имаме многу глупаци кои не се во состојба да ги согледаат проверените здравствени докази и сами да дојдат до заклучок.“