Еден од најдобрите кошаркари во историјата на Европа, Пау Гасол речиси една година поради повреда на стапалото е надвор од кошаркарските паркети.

И покрај тоа и неговите 39.години, тој не разлислува за пензија и за ЕСПН напомена дека сака да настапи на игрите во Токио наредното лето.По нив, ако се е во ред, планира уште една сезона да биде во НБА.

Гасол е двократен шампион во НБА со ЛА Лејкерс, двократен шампион на Шпанија со Барселона и повеќекратен освојувач на медали со националниот тим на Шпанија.