Грчката кошаркарска репрезентација на летните Олимписки игри во Токио ќе биде водена од славниот NCA тренер Рик Питино. Питино на новата функција ќе седне следното лето, а во понеделник ќе биде претставен пред медиумите.

Нашиот јужен сосед во февруари ќе ги стартува квалификациите за Евробаскетот 2021, а ривали во групата им се Летонија, БиХ и Бугарија, но Питино нема да биде на клупата на тие мечеви, туку Танасис Скуртопулос. Главна цел им е со Питино да се пласираат на олимискиот турнир во Токио.

Питино во својата кариера го водеше и Бостон Селтикс, а последен ангажман му беше во грчкиот гигант Панатинаикос.