Повредата на кошаркарот Демаркус Казинс донесе проблеми за раководството на НБА тимот на Лос Анџелес Лејкерс во пресрет на новата сезона во НБА лигата.

29 – годишниот центар пред неколку дена ги скина вкрстените лигаменти на коленото и ќе мора според прогнозите да ја пропушти целата сезона.

Во редовите на „езерџиите“ се бара адекватна замена. а во комбинација според американските медиуми влегуваат Двајт Хауард, Кармело Ентони и Жоаким Ноа.

Конечната одлука ќе биде позната во следните неколку дена.