Најдобриот играч во финалната серија од НБА лигата Каваи Ленард стана слободен агент и во следниот период ќе ги разгледа сите понуди за него пред да одлучи каде ќе ја продолжи кариерата.

Предност да го задржи има Торонто Репторс, но за 2-ри јули има закажана средба со претставници на Лос Анџелес Клиперс кои треба да му ги обелоденат своите планови.

Клиперс за Ленард уште е заинтересиран кога тго напушташе Сан Антонио Спарс, но тогаш немаше доволно средства во буџетот за да го донесе во своите редови.

Официјално Ленард ќе биде слободен агент од 1-ви јули, а конечната одлука за продолжување на кариерата се очекува да ја донесе до крајот на идниот месец.