Богдан Богдановиќ нема да може да игра кошарка подолго време откако било утврдено дека има скршеница на коска во коленото.

Кошаркарот на Алтанта се повреди во дуелот со Шарлот и мораше предвреме да го напушти теренот.

По снимањето со магкетна резонанца било утвредно дека има скршеница поради која можно е да мора да паузира и до шест месеци.

Богдановиќ има четиригодишен договор со Атланта со плата од 7 милиони долари годишно.