Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ е наград за одличните партии во дресот на Далас со тоа што е избран за играч на неделата во западната конференциа, додека на истокот ова признание замина кај Спенсер Динвиди од Брукллин.

Многумина сметаат дека Дончиќ може да стигне и до титулата најкорисен кошаркар (МВП), но само со помош на тимските колеги.

Далас изминатата недела одигра четири натпревари и ги доби сите. Клучна фигура во сите средби беше Дончиќ, кој оваа недела имаше просек од 37 поени, 8,5 скокови и 11,8 асистенции.