Младиот Словенец, Лука Дончиќ им се врати на тренинзите, се очекува набрзо да биде и во составот на Далас кој не е ист со и без кошаркарот од Словенија.

Дончиќ одработил тренинг со полн интензитет, ова е прв тренинг со ваков ритам за Словенецот по повредата на 14 декември на мечот со Мајами.

Далас без Словенецот запиша две победи и два порази на четири натпревари.

Дончиќ е можно да се врати во составот на Длас викендов кога екипата се среќава со Голден Стејт во сабота и еден ден подоцна со ЛА Лејкерс.