Поранешниот капитент на српската кошаркарска репрезентатција, Милан Мачван ја потврди информацијата дека има Ковид-19 и испрати порака од болницата „Драгиша Мишовиќ“.

„Ви благодарам на сите на поддршката, точно е дека сум хоспитализиран во „Драгиша Мишовиќ, каде што ја добивам потребната нега и грижа. На сите заразени и болни им посакувам брзо закрепнување а на останатите да слушаат и да читаат што се пишува и што се кажува и да се чуваат.“– напиша Мачван на Твитер.