Сајтот чија специјалност е кошарката „Кош Магазин“ му посвети голема статија на еден од најдобрите кошаркари на сите времиња во Македонија, Петар Наумоски.

Статистиката е неверојатна, Пеце е Цар на македонската кошарка, бројките го говорат тоа, се вели во дек од текстот посветен на Наумоски.

Авторот на текстот „копа“ по статистиката на Петар Наумоски, ако се погледне, ќе се заклучи, по бројот на освоените титули тој е најуспешниот македонски кошаркар.

Наумоски има дваесетина титули во кариерата, тој е единствен кој успеал да триумфира во сите три европски натпреварувања во својата ера, има пет титули, две во Евролигата и Купот на победниците на куповите, со Ефес Пислен го освои Купот на Радивое Кораќ.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.