Македонскиот сениорски репрезентативец, Андреј Магдевски го продолжи договорот со МЗТ Скопје Аеродром на уште две сезони. Ова го потврдија од македонскиот првак со што продолжија со осигурувањето на костурот на тимот.

„Самиот факт што потпиша двегодишен договор е доволен доказ за вербата која стручниот штаб и управата на клубот ја имаат во неговиот квалитет и пред сѐ во можноста тој со текот на времето да се наметне како лидер на МЗТ Скопје Аеродром. Тоа, воедно, е и показател за нашата интеција да се работи на подолги патеки и тоа со играчи кои воедно се и иднината на македонската кошарка во целост.“. – соопштија од МЗТ Скопје Аеродром.

Магдевски во минатата сезона одигра 26 натпревари за МЗТ Скопје во АБА 2 лигата и оствари просек од 4,9 поени, 2,7 скока и 2,7 асистенции додека во домашното првенство на 34 средби има просек од  8,8 поени заедно со 3,7 асистенции и 3,1 скокови.

ФОТО: МЗТ Скопје Аеродром